Сцена 01. мај 2018. / 12:45

Ирина Шајк е повторно бремена

Ирина Шајк е повторно бремена

Вистински пролетен бејби бум. По Рејчел Вејс за второ породување се подготвува и Ирина Шајк.

Манекенката и нејзиното момче се забележани неодамна во центарот за планирање на семејство, пишуваат светските медиуми.

Ирина Шајк се појавила неодамна на Неделата на свадбена мода во Барселона во венчаница од познат бренд, а обожавателите наводно забележале дека под фустанот на згодната манекенка се забележува заоблен стомак.

Ирина за прв пат во последните неколку години се појавила на пистата на познатиот бренд и позирана во широк фустан од тул. Фактот дека Ирина не дошла на ревијата во улога на манекенка, а притоа носела широк фустан, ги предизвика гласините дека таа е повторно бремена.

Ирина и Бредли Купер се во врска од април 2015 година, а во март минатата година се остварила и во улогата на родители кога им се роди ќерка.