Сцена

Имаше златно срце: Ален Исламовиќ емотивно за нашиот Влатче

Имаше златно срце: Ален Исламовиќ емотивно за нашиот Влатче

По смртта на пејачот Влатко Илиевски, ѕвездите од македонската јавна сцена посветија многу статуси на социјалните мрежи токму за него. Веста за смртта на рок-ѕвездата се прошири и на Балканот. Медиумите ја пренесоа тажната вест.

Балканската ѕвезда Ален Исламовиќ на својот Фејсбук профил напиша емотивен статус посветен на Влатко.

„Почина Влатко Илиевски, музичар, актер, пејач…Македонско момче со добро, златно срце и искрен пријател. Кога во Белград ме праша како да влезе во Комбанк Арената и да го слуша концертот на Дугме му реков да не се грижи, дека јас ќе излезам по него и така и направив. Ја сакаше музиката повеќе од себе, а таа за жал колку што дава, толку и одзема. Музиката е сјај, богатство и рај, но за жал и пекол во кој можеш да потклекнеш. Вечна слава друже”, напиша Исламовиќ.