Сцена 31. август 2018. / 16:23

Им се закануваат со тужби – Фондацијата на Бред Пит градела лоши куќи

Им се закануваат со тужби – Фондацијата на Бред Пит градела лоши куќи

Фондацијата на актерот Бред Пит која градеше куќи во Њу Орлеанс по разорниот ураган Катрина, се соочува со тужби.

За локалната телевизија WWL, Рон Остин вели дека планира да поднесе тужба во име на жителите на населбата, против фондацијата на Пит, Make It Right.

Остин рече дека станарите пријавувале „мачнини и главоболки поврзани со инфраструктурата“.

Според него Фондацијата „давала многу ветувања дека ќе се врати и ќе ги поправи куќите кои иницијално им ги продале на луѓето, но ништо не направила“.

Извештаите не наведуваат колку луѓе би се придружиле на тужбата. Повеќе од 100 „зелени“ куќи изгради фондацијата во 2008 година. На барање на тв станицата да се изјаснат по ова прашање, сепак, не дале одговор.