Сцена

Холивудскиот актер открива: За да го спасам син ми мораше да го фрлам

Холивудскиот актер открива: За да го спасам син ми мораше да го фрлам

Еден од најпознатите холувудски актери Метју Меконахи е во брак шест години со Камил Алвеш со која има три деца, синовите Леви и Ливингстон и ќерката Вида.

Иако ретко зборува за приватниот живот, 48-годишниот актер откри интересен детаљ од минатото во едно телевизиско интервју.

За време на еден излет со неговата сопруга и тогаш шестмесечниот Леви, Метју за малку ќе доживеел голема трагедија.

„Отидовме на излет во планината Гранд Кањон. Се сместивме на едно место и започнавме семеен пикник. Идилата беше прекината во еден момент. Зад нас имаше голем муфлон. За да го спасам мојот син, морав да го фрлам тогаш шестмесечниот син на сопругата која стоеше на мал премин што е 4,5 метри под нас”, го започна своето непријатно искуство кое за среќа заврши без последици.

Оваа изјава предизвика бурна реакција кај водителот и другите гости во студиото кои заклучија дека Мекконахи не е херој само на екранот, туку и во реалниот живот.