Сцена 08. октомври 2018. / 23:25

Холивуд во тага: Се разведе најубавиот пар

Холивуд во тага: Се разведе најубавиот пар

Надежите на навивачите на Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа залудни. Еден од најпознатите и најубави холивудски парови веќе и официјално се разделени, откако во петокот двајцата ги потпишаа документите за развод.

Бурната љубовна приказна на Бен и Џенифер започна во 2004 година, а 10 месеци подоцна ѕвездите се венчаа со романтична свадба во тесен круг на островите Туркс и Каикос, распоредени во крајните југоисточни делови на Бахамскиот архипелаг.

Актерите имаат три деца – 12-годишната Вајолет, 9-годишната Серафина и 2-годишниот Семјуел.

Првите гласини за проблеми во односите ги слушнавме во 2013 година, а во 2015-та ѕвездите се разделија јавно по 10-години брак, откако Џенифер изјави дека ќе продолжи да го поддржува Бен во неговата борба со зависноста од алкохол.