Сцена 03. мај 2018. / 14:40

Холивуд македонската песна ,,Зајди зајди” си ја потпиша како своја (ВИДЕО)

Холивуд македонската песна ,,Зајди зајди”  си ја потпиша како своја (ВИДЕО)

Сигурно сте го гледале холивудскиот спектакл „300“ од 2006 година, посветен на тристате храбри Спартанци, кои ѝ се спротивставиле на Персија, но дали сте забележале дека во сцената кога на кралицата Горго, (ја игра Лејна Хеди) ѝ соопштуваат дека загинал нејзниниот сопруг, кралот Леонид (Џерард Батлер)? Мелодијата во заднина е токму македонската „Зајди, зајди“.

Нумерата е потпишана како авторска, а автор на „300- Message for the Queen“ е Тилер Бејтс.