Сцена

Халид открива по што најмногу копнее

Халид открива по што најмногу копнее

Фолк пејачот Халид Муслимовиќ на естрадата е веќе 36 години, а за српските медиуми откри која му е неостварена професионална желба.

Пејачот за српски „Ало“ откри дека неостварена желба му е да сними мјузикл.

„Сакав порано да снимам музички филм, но не успеав. Тоа ми е неостварена желба и можеби задоцнив за тие работи. Меѓутоа, пријателите ми кажуваат дека никогаш не е доцна, а јас на тоа сакам да се посветам максимално. Таквите филмови најдобро ги прават Индиците и, да бидам искрен, се надевам дека ќе се остварам во една такава играна програма“, откри Халид.