Сцена 27. август 2018. / 16:00

Градоначаникот на Крива Паланка ја удостоил со прием српската пејачка Јелена Томашевиќ

Градоначаникот на Крива Паланка ја удостоил со прием српската пејачка Јелена Томашевиќ

Дали од дете му било сон да се фотографира со неа или пак е толку голем фан на нејзините песни не знаеме. Но градоначаникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски решил да ја удостои со прием српскаа пејачка Јелена Томашевиќ која вечерва ќе одржи концерт на градскиот плоштад.

За таа цел неговиот кабинет составил и сооштение до јавноста

„Денес , 27.08.201година градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, организираше прием за менаџерскиот тим на популарната српска пејачка  Јелена Томашевиќ, а по повод концертот кој ќе се оддржи вечерва со почеток од  21.00 часот на Градскиот плоштад.

По тој повод Мицевски ја повика кривопланечката публиката да  се придружи, да го проследи вечерашниот музички настан, на кој покрај Јелена Томашевиќ , посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапот на  Димитар Андоновски и „Тајфата“.

Градоначалникот Мицевски посака во убав амбиент, сите љубители на музиката  да си поминат пријатна и опуштена вечер ,а воедно ги најави и другите културни активности кои ќе следат во наредниот месец.

Јелена Томашевиќ се заблагодари за поканата да биде дел од културните збиднувања во Крива Паланка и ги покани кривопаланчани да дојдат вечерва на концерт и заедно да пееме и да се дружиме.“ – се вели во соопштението.