Сцена 26. август 2018. / 21:51

Голема трагедија: Почина пејачот Кајл Павоне

Голема трагедија: Почина пејачот Кајл Павоне

Почина Кајл Павоне, 28-годишниот пејачот на рок бендот „We Came as Romans“.

„Трагичното заминување на Кајл дојде прерано. Сите сме тажни поради загубата. Ќе ни недостасува неговата насмевка, искреноста, неговата грижа за другите и импресивниот музички талент“, напишале колегите од групата.

Кајл објавил пет студиски албуми вклучувајќи го и последниот албум „Cold Like War“, објавен минатата година.

Американските медиуми претходно објавија дека Кајл е примен во болница во Мичиген на 19 август, но засега не е позната причината за смртта на младиот пејач.