Македонскиот пејач Ѓоко Ѓорчев објави нова песна која ја отпеа во дует со оперската певица Кристина Палија. Станува збор за преработка на темата ,,Parla piu piano”, која ја компонираше италијанскиот композитор Нино Рота, а првпат беше изведена како инструментал во култниот филм ,,Кум” во 1972 година. Освен со оригиналните стихови на англиски јазик, песната има и верзии на француски, сицилијански и на италијански.
Песната ,,Parla piu piano” ќе се најде на албумот со најпознатите арии и евергрини насловен: ,,My way”. Планирана е и турнеја низ Македонија, а и концерт за на пролет,