На 82 годишна возраст почина Берт Рејнолдс, кој важеше за секс симбол на 70 – тите.
Берт Рејнолдс починал во болница на Флорида. Тој последните години се борел со кревкото здравје, а последен пат бил лекуван од проблеми со срцето.
Тој во 2013 бил на интензивна нега во болницата во Флорида, каде се лекувал од тешка форма на грип, за пред тоа да му биде извршена операција со двоен бајпас на срцето, јавуваат американсктие медиуми.
Рејнолдс во седумдесетите важел за секс симбол и пет години едно по друго бил број 1 актер кој ги полни кино салите. Во 1997 година бил номиниран за Оскар за споредна машка улога во филмот ,,Буги најтс” .
Публиката го памети по улогата во филмот ,,Смоки и бандитот” од 1974 година.