Уште откако се појави на музичката сцена, пејачката Сара Мејс има свој специфичен моден печат што не остана незабележен.
Пердувот стана нејзиниот заштитен знак, но исто така и драматичните сценски стајлинзи во кои настапува. Веќе извесен период Сара соработува со модната дизајнерка Фросина Ангеловска, а нејзиниот имиџот постојано ја изненадува публиката.
Таа стана похрабра и одлучна во изборот, а не ретко се избира и комбинации за сигурни дами полни со самдоверба. Па така, модната соработничка на Сара овојпат ја преобрази во секси сирена во провидна црна тоалета од тантела.