Пејачката Мел Б, итно е оперирана во една клиника во Лондон, откако скршила неколку ребра и раката.
Некогашната девојка од “Спајс грлс” се здобила со скршеници откако паднала по скали.
Раката на пејачката е оперирана, а во описот на фотограијата на Инстаграм напишала дека скршила и неколку ребра.
-Благодарност до прекрасните медицински сестри, докторите и мојот хирург, кои ми укажаа големо внимание овде во болницата, откако скршив две ребра и рака, операцијата траеше три часа, поради што сум принудена да ја откажам промоцијата на мојата книга во Њујорк. – напиша пејачката.