Актерката Сара Џесика Паркер објави официјално дека третиот филм „Сексот и градот“ нема да биде реализиран.
52-годишната ѕвезда која ја игра улогата на Кери Бредшо во популарната телевизиска серија ги демантираше гласините дека ќе гледаме „Сексот и градот 3“.
„Крај. Нема да го направиме“, соопшти актерката во интервју за списанието „Екстра“, разочарувајќи ги фановите кои се надеваа дека по 6-годишно отсуство од екраните, четирите атрактивни хероини од Њујорк – Кери, Саманта, Миранда и Шарлот повторно ќе ја фасцинираат публиката.
„Јас сум разочарана“, рече Паркер. „Располагавме со прекрасна, забавна, трогателна, весела и исклучително релевантна историја и сценарио кон неа. И разочарувачкото е дека не можеме да ја раскажеме оваа приказна и да ја преживееме повторно, а дека не можеме да ја исполниме желбата на публиката, која толку инсистираше за нов филм“, коментираше таа.
Првиот филм „Сексот и градот“ се појави во 2008 година, четири години по крајот на истоимениот серијал на HBO, кој беше меѓу хитовите на 90-тите години. „Сексот и градот 2“ излезе на големиот екран во 2010 година.
Иако негативната оценка на критичарите по вториот филм минатата година веб-сајтот „Радар“ издаде дека Сара Џесика Паркер, Ким Катрал, Кристин Дејвис и Синтија Никсон потпишале веќе договор за трети и се очекуваше снимањето да започне ова лето.