Сцена

Евровизискиот портал изрази најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Влатко

Евровизискиот портал изрази најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Влатко

ESC Bubble, европска новинска интернет страница која се занимава со Евровизија ја пренесе веста за смртта на македонскиот пејач Влатко Илиевски, кој во 2011. година ја претстави Македонија на тоа натпреварување со песната „Русинка“.

-Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Влатко, напиша сајтот.

Илиевски вчера вечер бил пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“. Неофицијално, на неговото тело не биле забележани траги на насилство.

Министерството за внатрешни работи информира дека на лице место е извршен увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција по што се очекува да бидат познати повеќе детали.

Триесет и три годишниот Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија.