Енрике Иглесијас и Ана Курникова, веројатно никогаш нема да стапат во брак, но за нивната љубов нема сомнеж.
Иако речиси никогаш не се појавуваат заедно, пејачот неодамна прв пат кажа нешто за својата избраничка со која живее 15 години.
-Ана е личност со силен мајчински инстинкт и е одлична мајка, рече пејачот кој со долгогодишната девојка живеат во вила во Мајами.
Енрике рече дека врската со Ана му е единствена врска која ја имал во животот.