Сцена 23. април 2018. / 18:57

Еминем слави 10 години откако е потполно трезен

Еминем слави 10 години откако е потполно трезен

Славниот рапер Еминем на социјалните мрежи се пофали дека е трезен полни 10 години.

Раперот објави фотографија на која држи монета, која е симбол на десетгодишниот поминат пат во здружението на Анонимни алкохоличари, а трезен е од 2008 година од кога не консумира ниту алкохол, ниту лекови против болки.

Еминем дури во 2011 година зборуваше јавно околу зависноста од лекови, кои придонеле за да загуби добар дел од помнењето, а посебно лекот Амбиен, поради што не објавуваше ниту пишуваше музика цели четири години.