Емина Јаховиќ прво ја израдува јавноста со промоција на својот нов албум, а потоа следеше веста за нејзиниот развод.
Иако изминатата година кружеа шпекулации за нејзиниот брак со Мустафа Сандал и ситуацијата помеѓу нив, сепак никој не очекуваше дека работата е толку сериозна. По што пејачката собра храброст и јавно објави на
својот Инстаграм профил дека нивниот брак завршил.
По оваа објава Емина не беше достапна за медиумите нуту пак даваше било какви интервјуа. Се до пред неколку недели кога одлучи да си ја отвори душата и проговори како изгледа нејзиниот живот по разводот.
За српскиот портал „MONDO” пејачката изјавила дека изминатиот период бил исклучително тежок за неа и нејзините деца. На прашањата од нејзините пријателки како изгледа периодот „развод” Емина го опишала како моментот пораѓај.
„Болката која ја чувствуваш во мометот кога на свет носиш нов живот, е иста како и сега. Мораш да поминеш низ болна фаза за да дојдат убави моменти. Секако ова е метафора која можеби само јас ја разбирам” – низ смеа изјавила Емина.
Моментално продолжува да работи и живее на две дестинации Србија – Турција. И секако најтешко и е кога мора да се раздели од синовите Јаман и Јавуз, бидејќи како што вели таа е навистина посветена мајка но и голем работохолик.