Пејачката Емина Јаховиќ во февруари соопшти дека се разведува од Мустафа Сандал, а сега одлучи да ја отвори душата за јавноста, па откри дека со поранешниот сопруг останала во пријателски односи.
-Не се сруши семсјтвото, иако не сме веќе заедно. Ќе бидеме добри пријатели, бидејќи тој, пред се, е добар човек. Една другарка ми рече: Бирај човек не за кого ќе се омажиш, туку за кој ќе се разведиш.- соопшти пејачката за српските медиуми, алудирајќи на тоа дека избрала човек со кој после разводот може да остане во добри односи.
Пејачката искоментира и за наводната афера со Марко Мишковиќ, со кој, го обновила контактот по разводот од Мустафа.
-Небулоза е и глупости се зборува за човек кој не сум го видела десет години. Бев вознемирена за таа приказна. Немам ништо да кажам на таа тема.- рече Емина.