Изминатиот викенд пејачот Драган Величковаки Тајзи имаше мала незгода на скопскиот аеродром.
Имено, додека се спремал за да се качи на авион на летот за Базел при пренесувањето на багажот му експлодирал куферот, па вработените на аеродромот мислеле дека станува збор за бомба. Па за да го расветли случајот, се огласи на социјалните мрежи:
„Чекав на гејт многу брзо по оставањето на багажот и слушнав на врска дека ме бараат итно да се спуштам пред влезот на авионот имало голем проблем со мојот куфер. Сакаа да ми наметнат вина на мене, да ме наместат дека наводно сум носел нешто запаливо. Во куферот имав гардероба за настапот во Швајцарија и лекови за хронични болести кои секогаш ги носам со мене кај и да одам и никогаш немало никаков проблем и ништо од тоа не е забрането за транспорт. Знаев дека има некоја позадина, дека пробуваат да сокријат нешто и по брза постапка да ја замаглат вистината“, напиша Тајзи на Инстаграм.
Прочитајте ја целата објава: