Сцена 27. јуни 2018. / 16:07

Џони Деп изгубил цело богатство – нема да верувате на што ги трошел парите

Џони Деп изгубил цело богатство – нема да верувате на што ги трошел парите

Славниот актер Џони Деп се наоѓа во тешка финансиска ситуација.

Списанието Ролинг Стон, објави дека актерот има финансиски проблеми, а за тоа ги обвинува сметководството и менаџерот.

Џони неконтролирано го троши своето богатство и од некогашните 650 милиони долари, не останало ништо. Поради наводна измама, сега тој го тужи поранешниот менаџер.

Менаџерот, пак, тврди дека Џони месечно трошел по два милиони долари. Меѓу останатото, 75 милиони долари потрошил на повеќе од 12 недвижности ширум светот, три милиони дал, за од авион да се фрли пепелта на својот покоен пријател Хантер Томпсон, 200.000 долари трошел месечно на летови со приватен авион, на својата ќерка неодамна и го купил каучот од реалното шоу на Кардашијан за 7.000 долари, а купил и повеќе од 200 уметнички дела.

Наводно, актерот само на вино трошел 30.000 долари, а за ова тој одговара:

-За фрлање на пепелта на Хантер дадов пет, а не три милиони долари. Што се однесува за виното во вредност од 30.000 долари, тоа исто така не е точно. Тоа звучи навредливо. Трошам многу повеќе на вино – истакнал Деп.