Актерот Џон Траволта моментално работи на снимањето на филмот „Moose“, а врз основа на фотографиите кои се појавија во јавноста тој изгледа сосема непрепознатливо.
Траволта ја толкува улогата на опсесивен обожавател, кој станува психотичен прогонувач на својот омилен актер.
Фотографиите од снимањето ги објави актерката Ана Гоја на својот Instagram профил.
„Мислам дека соработката со Фред е најдобра која сум ја имал досега“, изјави Траволта зборувајќи за соработката со режисерот Фред Дарст.
Снимањето на филмот започна во март оваа година, па се уште не се знае кога гледачите ќе имаат прилика да го видат во кино салите.