Сцена 06. јуни 2018. / 16:49

Џоли јаде скорпии и тарантули, Гага спие во јајце: Чудните опсесии на познатите жени

Џоли јаде скорпии и тарантули, Гага спие во јајце: Чудните опсесии на познатите жени

Славните личности се во центарот на вниманието поради приказните за нивниот приватен живот, физичкиот изглед, или, пак, талентот. Честопати и не забележуваме колку тие во суштина се ексцентрични, за што сведочат и навиките на дел од нив.

Па, доколку мислевте дека знаете баш сѐ за омилените ѕвезди, како и дека не постои нешто кое не сте го прочитале за нив, време е да ве разубедиме. И тие се обични луѓе – ама со необични навики.

Од компулсивно однесување до бизарни третмани за убавина, прочитајте кои им се чудните опсесии на познатите жени:

Камерон Диаз
Познатата глумица има фобија од нечисти кваки. Сите врати ги отвора со лактот од раката, како би избегнала ширење на бактериите. Камерон Диаз секојдневно ја чисти куќата, а пречесто ги мие и дланките. Станува збор за опсесивно-компулсивно нарушување, за кое филмската ѕвезда тврди дека го ставила под контрола.

Анџелина Џоли
Славната убавица откри дека инсектите имаат изобилство од протеини. Затоа ги вклучи како во својата, така и во исхраната на децата. Анџелина Џоли во последно време јаде нозе од тарантули и пржи скорпии, за кои изјави дека освен што се здрави, имаат и мошне добар вкус.

Деми Мур
Црнокосата актерка има по малку чудна навика за губење на килограмите. Деми Мур го обожава третманот со пијавици, како најдобра метода за детоксикација. Притоа, нагласува дека црвите што ѝ ја цицаат крвта не се обични, туку медицински одгледувани пијавици, кои ги отстрауваат отровите од организмот.

Ева Лонгорија
По примерот на Мадона, латино ѕвездата користи плацента за нега на лицето. Поконкретно, кремa што во составот содржи протеини од oвча постелка. Така Ева Лонгорија го успорува стареењето, правејќи ја кожата поцврста. Малку бизарно, зар не?

Лејди Гага
Многумина се сеќаваат како ексцентричната пејачка пристигна на доделувањето на музичките награди Grammy во 2011 годинА. Ја доведоа во џиновско јајце на црвениот тепих, а подоцна се „испили“ на сцената. Она што не знаете е дека Лејди Гага си го понела јајцето и дома. Денес сака да медитира и да спие во него.