Сцена 02. мај 2018. / 10:48

Џиџи Хадид и Зејн Малик повторно заедно

Џиџи Хадид и Зејн Малик повторно заедно

Откако Џиџи Хадид и Зејн Малик на своите профили на социјалните мрежи објавија дека се разделуваат, познатиот пејач неколку пати беше забележан како заминува од апартманот на познатиот модел. Додека обожавателите сѐ уште се надеваа дека познатиот пар повторно ќе биде заедно, овие фотографии ја зголемуваат надежта и потврдуваат дека тие ја обновија својата љубов.

23-годишниот модел и 25-годишниот пејач беа фотографирани како се бакнуваат на прошетка во Њујорк, а фотографиите навистина го привлекоа вниманието на сите и дополнително предизвикаа тие да бидат тема за разговор. Дали навистина Џиџи и Зејн се повторно во врска?