Ѕвездата на ТВ серијата „Пријатели“ се појавила во минималистичко секси издание.
Откако беше објавено дека се разведува од сопругот Џастин Теро, актерката Џенифер Анистон одлучи дека нема да ги менува деновите затворена во четири ѕида и брзо се врати во секојдневната рутина. Па така, таа неодамна беше видена на ексклузивната забава организирана од страна на Гвинет Палтроу и нејзиниот свршеник Бред Фалчук.
Глумицата Гвинет Палтроу организирала гламурозна забава за 400 гости, а се шпекулира дека всушност станувало збор за нејзината тајна венчавка со свршеникот Бред Фалчук. Џенифер Анистон исто така била една од гостите, но по долго време убавата глумица морала да се појави на свечената забава без придружба.
Иако нејзината љубов со сопругот Џастин Теро заврши, а медиумите не престануваат да го поврзуваат Теро со разни девојки, актерката стигнала на забавата добро расположена. Ѕвездата на ТВ серијата „Пријатели“ се појавила во минималистичко секси издание со кое јасно дала до знаење дека не планира веќе да седи дома и да чека љубовта да ѝ тропне на врата.
49-годишната актерка облекла елегантен фустан со крој на сирена, без прерамки со потпис на модната куќа Мајкл Корс. Овој моден избор го нагласил нејзиното вито тело за кое многу познати стилисти тврдат дека е едно од најубавите во Холивуд.
Долгиот припиен фустан не е најпрактичен за одење, па затоа глумицата поголемиот дел од времето го придржувала со рака. Покрај стандардната пуштена коса, актерката и овој пат се држела до проверените тонови и модни додатоци, па така го дополнила стајлингот со црни сандали со две тенки ременчиња и едноставна црна чанта со златни детали.
Анистон неодамна стави крај на сите претпоставки поврзани со врската со нејзиниот поранешен сопруг Џастин Теро од кого официјално се развела на средината на февруари.
„За да ги спречиме и понатамошните претпоставки, одлучивме да истапиме со заедничка изјава и да кажеме дека се разведовме. Оваа одлука беше донесена заеднички кон крајот на минатата година. Ние сме најдобри пријатели кои одлучиле да се разделат како пар, но се радуваме на нашето понатамошно пријателство“, пишувало во официјалното соопштување до медиумите.