Познатиот американски рапер, продуцент и бизнисмен ја превзема грижата за кариерата на белгискиот напаѓач…
Мино Рајола, еден од најмоќните фудбалски суперагенти, загуби уште една професионална битка.
Човекот кој во своето портфолио има такви ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Марио Балотети, сега има една помалку…
Станува збор за напаѓачот на Манчестер Јунајтед и на селекцијата на Белгија, Ромелу Лукаку.
Лукаку премина во редовите на релативно младата агенција од САД, викана „Рокнејшн Спортс”, која е во сопственост на познатиот рапер и музички продуцент Џеј-Зи.
Фирмата на сопругот на мега популарната Бијонсе, кого го сметаат за еден од најголемите музички могули на светот, ги штити интересите, пред се на атлети од северноамериканскиот континент како што се НБА ѕвезди од типот на Кевин Дурент, Џереми Лин, Вили Коли-Штајн, Руди Геј.
Од фудбалерите, покрај Лукаку, оваа компанија засега го застапува само уште Џером Боатенг од Баерн од Минхен, но очигледно е дека неговата намера е со текот на времето да се прошири и на фудбалот.