Сцена 05. април 2018. / 15:33

Џеј со шокантна изјава: Подобро да умрам, отколку да се откажам од алкохолот

Џеј со шокантна изјава: Подобро да умрам, отколку да се откажам од алкохолот

Џеј Рамадановски, со оглед на тоа дека едвај ја преживеал тешката операција на срцето во октомври минатата година, мора да се откаже од алкохолот. Докторите на фолкерот му забраниле да конзумира алкохол и цигари и му препорачале здрав начин на исхрана.

Сепак тој за српските медиуми даде шокантна изјава:

– Сега се обидувам да решам еден проблем. Јас не лажам никогаш. Имам проблеми со алкохолот. Докторот ми забрани да пијам бидејќи можам да умрам, сепак имав тешка операција. Види, подобро би умрел отколку да се откажам од алкохолот, додаде пејачот.