Сцена 25. мај 2018. / 12:00

Џеј Рамадановски признава: Ќе се лечам од алкохолизмот

Џеј Рамадановски признава: Ќе се лечам од алкохолизмот

Фолк пејачот Џеј Рамадановски одлучил наскоро да почне со терапии за да се излечи од зависноста од алкохолот.

По тешката операција на срцето која ја имал минатата година, пејачот ќе се одвикнува од алкохолот, пишува српски Курир.

Иако Џеј одлучил да не пие повеќе виски, тој секојднево пиел по четири шишиња вино од по половина литар, а понекогаш и чашка ракија.

-Порокот ми го загрози срцето и мора да побарам спас. Одлучив да ставам крај на тоа, изјавил пејачот и додал дека планира овие денови да се консултира со стручни лица за одвикнување.