По веста дека пејачката Наташа Беквалац била физички нападната од својот сопруг Лука Лазукиќ се огласија и нејзините колешки од естрадата со поддршка до пејачката.
Имено Марија Шерифовиќ, Сека Алексиќ и Ана Севиќ и упатија неизмерна поддршка на пејачката која заврши на ургентно, а пред само еден месец се породи.
Шерифовиќ на својот Инстаграм профил и порача на пејачката да се држи, а потоа упати и јасна порака кон нејзиниот сопруг:
– Шмеќери.. па тепаат жени… пи*ки обични! Бегај! Држи се Наташа!, и порача пејачката на својата колешка.
Додека Сека Алексиќ и порача да биде јака, а Ана Севиќ побара стоп за насилството врз жените, погледнете.