Веќе извесно време се шират гласини дека Дрејк станал татко и дека има син со поранешната порно актерка Софи Брусо, но популарниот музичар досега немаше дадено свој коментар.
Наводно потврдата дека е родител пристигна со неговиот нов албум „Scorpion“. Во неколку од песните има стихови кои алудираат дека тој доби син во октомври минатата година и дека направил тест за да биде сигурен дека е таткото.