Сцена 31. мај 2018. / 21:42

Дрејк крие дека има син со славна порно актерка (ФОТО)

Дрејк крие дека има син со славна порно актерка (ФОТО)

Наводно Дрејк 28-годишната Софи Брусо ја молел и затрупувал со пораки како: „Сакам да абортираш. Направи го тоа за мене. Оди по ѓаволите. Знаеш точно што правиш и мислиш дека ќе добиеш пари“.

Но, таа не се откажала, туку храбро зачекорила кон мајчинството, фалејќи се со стомачето на социјалните мрежи, но не зборувајќи точно кој е таткото.

Имено, Пуша-Ти во песната „The Story Of Adidon“ го прозвал Дрејк, велејќи му дека Софи е мајката на неговото дете и дека заслужува почит, а тоа љубов, дека е време да заборави дека таа е ѕвезда на порно-филмовите како и да и дозволи да стане целиот негов свет. Кавгата помеѓу нив двајца трае веќе извесно време поради ова.

Инаку, Софи и Дрејк навистина беа забележани во текот на минатата година, кога гласините за бременоста и почнаа. Уметничкото име на оваа порно-актерка е Роузи Дивајн. Себеси особено се смета за уметница откако се посветила на мајчинството, па потоа и на сликањето, како и на другите уметнички проекти.

Името на нејзиниот син е Адонис, и се наведува дека е роден токму на роденденот на Дрејк.