Венчавката на принцот Хари и Меган Маркл ја следеше целата планета, а сега е откриен детаљ кој многумина ги вознемири.
Како што пишува Дејли Мејл кралското семејство ден после венчавката по Меган и нејзината мајка, 61 годишната Дорија Рогланд пратиле Ролс Ројс Фантон 6, што не би било чудно доколку со него не е поврзано неславно кралско минато.
Имено, мајката и ќерката до капелата Свети Џорџ стигнале со истиот автомобил во кој покојната Валис Симпсон се возела на погребот на својот сопруг, војводата од Виндзор во 1972 година.
Баш како и Меган, Симпсон била Американка која зад веќе имала еден пропаднат брак, а поради венчавката со неа, Едвард 8-ми во 1936 година абдицирал.
Ако приказната со истиот Ролс Ројс требало да биде шега со која Меган се поврзува со покојната Симпсон, секако била невкусна. Сепак, тоа не е прв пат поранешната актерка да се соочува се невкусен хумор или бизарни случајности во кои учествувале луѓе од нејзиното ново семејство откако се вереше со Хари.
Имено, на ручекот кој минатиот Божиќ во Бекингемската палата го организираше кралицата Елизабета, принцезата Мајкл од Кент одлучи да стави брош со Афроамериканец. Многу тогаш коментираа дека на тој начин ја исмејува Меган нејзиното афроамериканско потекло.
Подоцна принцезата и официјално се извини поради невкусниот избор на модниот додаток, кој впрочем прикажува црн слуга.
Но, како што откри Етиш Тасир, тогашното момче на ќерката на принцезата Мајкл, тоа извинување не било искрено. Тој откако раскина со ќерката на принцезата, кажа дека Мајкл сака со своите постапки често да ја шокира и провоцира јавноста.