Членката на руската панк-група „Пуси рајот“, Марија Алјохина, изјави дека била вратена на царината на московскиот аеродром и не ѝ било дозволено да ја напушти Русија.
,,В петок треба да биде одржана премиера на претставата според мојата книга „Рајот дејс“ во Единбург, Шкотска. Меѓутоа, момците на граница ми рекоа дека ми е забрането да ја напуштам земјата“, објави Алјохина на „Твитер“.
Таа е осудена на 140 часа општествено-корисна работа поради недозволени перформанси пред седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Судот ѝ одреди и парична казна од 400.000 рубли бидејќи ја одбила првобитната казна. Нејзиниот адвокат смета дека токму тоа е причината за забраната за напуштање на земјата.
„Пуси рајот“ привлелче медиумско внимание во 2012 година кога одржа панк-молитва во црква во Москва барајќи од Богородица да го тргне Путин од власт.