Сцена 21. јули 2018. / 19:07

Цеца откри зошто плачела на својот роденден: Полноќ, ѕвони телефонот, а јас сум на друго место

Цеца откри зошто плачела на својот роденден: Полноќ, ѕвони телефонот, а јас сум на друго место

Српската дива Цеца Ражнатовиќ, на 14 јуни го прославила својот 45. роденден.

Покрај многубројните честитки и убави моменти со најмилите, се случи и нешто што таа и нејзината ќерка Анастасија ќе го памтат засекогаш.

„Необичен дочек на роденденот. Полноќ, ѕвони телефонот, стигнуваат честитки за 45. роденден, а моето внимание е на друго место- снимањето на твојот спот. Доаѓам и те гледам како блескаш во новата улога. На денот на моето раѓање почнува да се гради твојата музичка кариера… 14 јуни значаен за нас двете, а само месец дена подоцна, јас сум прегорда мајка“, напиша Цеца на својот Инстаграм профил.