Сцена 10. април 2018. / 12:45

Бруклин Бекам во друштво со плејбој моделот Лекси Вуд

Бруклин Бекам во друштво со плејбој моделот Лекси Вуд

Бруклин Бекам се бакнува со Лекси Вуд? Зарем до пред некое време не објавуваше фотографии со неговата голема љубов, познатата актерка Клои Морец? Славните личности навистина сакаат „драми“.

Пред неколку дена 19-годишниот Бруклин беше фотографиран како се бакнува со Плејбој моделот Лекси Вуд во Лос Анџелес. Парот беше забележан заедно додека Бруклин се тетовираше, а во еден момент беа навистина многу интимни.

Фотографијата од Бруклин и Лекси навистина ги изненади сите фанови, бидејќи сите се радуваат на неговата врска со Клои Морец. Дали познатиот пар ставил крај на својата врска, а сѐ уште никој не е информиран за тоа?

Во ноември, 21-годишната актерка зборуваше за своето момче и нивната врска, дека имаат свој мал приватен свет и дека навистина уживаат во времето кое го поминуваат заедно. За Денот на вљубените двајцата објавија фотографии на Инстаграм, а минатиот месец Клои објави фотографија со која му честиташе роденден на Бруклин и напиша: „Никогаш не престанувај да се смееш, те сакам.“

„Новата љубов“ на Бруклин е 20-годишната Лекси, која по потекло е од Канада, но на 16 години се пресели во Париз поради својата кариера.