Сцена 27. септември 2018. / 16:03

Бритни Спирс во паника – мора да му плаќа повеќе пари на поранешниот сопруг

Бритни Спирс во паника – мора да му плаќа повеќе пари на поранешниот сопруг

Пејачката Бритни Спирс прифатила да плаќа поголема алиментација на поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.

Таа до сега плаќала по 20 илјади долари месечно, но сега тој износ ќе се зголеми.

Не е позната точната сума, но крајот на судењето тој го дочекал со голема насмевка.

Неговиот адвокат го финализирал договорот со Бритни.

Поранешниот рапер веќе со години живее на сметна на пејачката со која ги има синовите Џејден Џејмс и Шон Пристон. Пред неколку месеци побарал поголем износ на алиментација.

Бритни и Кевин се венчале во 2004 година, а во 2007 година ставиле крај на љубовта.