Сцена

Бред Пит ,,распали” по Анџелина Џоли после нејзините обвинувања

Бред Пит ,,распали” по Анџелина Џоли после нејзините обвинувања

Откако Анџелина Џоли преку медиумите го нападна поранешниот партнер Бред Пит дека не платил никаква „значајна“ алиментација во изминатата година ипол, актерот се огласи и одговори на обвинувањата преку својот адвокатски тим.

Адвокатите на холивудскиот актер тврдат дека Пит исплатил над 9 милиони алиментација, а Џоли од тие пари купила нова куќа и ги платила заостанатите сметки.
Тие тврдат дека актерката намерно драматизира и се служи со валкани трикови за да манипулира со медиумите. Адвокатскиот тим на Бред Пит на судот му предал документ со кој се потврдува дека актерот на поранешната сопруга и позајмил 8 милиони долари за да купи вила, а за алиментација дал околу 1,3 милиони.

Ваквиот одговор од тимот на адвокати на Бред следува откако Анџелина од судот барала да го присили актерот да го исплати заостанатиот долг, бидејќи досега не платил ниту една „договорена“ алиментација.

Извор близок до Бред Пит открива дека актерот најверојатно ќе се бори против ова обвинување коментирајќи дека „Бред секогаш ги исполнува своите обврски“.

За потсетување, популарниот актерски пар се раздели пред две години откако Џоли поднесе барање за развод поради ненадминливи разлики. Тие склучија договор за старателство над децата во кој не е наведен точниот износ на алиментација.