Сцена 22. август 2018. / 14:26

Беше омилен кај децата: Почина познат актер – пред смртта остави важна порака

Беше омилен кај децата: Почина познат актер – пред смртта остави важна порака

Исландскиот актер Стефан Карл Стефансон, кој го глумеше Роби Ротен во анимираната серија за деца „Мрзливиот град“ почина на 43 години од рак.

На Стефансон во 2016 година му дијагностициаа рак на панкреасот, кој подоцна бил отстранет со операција.

Нажалост во март, актерот објавил дека канцерот се вратил и дека не може да се оперира.

„Дури кога ќе ви кажат дека наскоро ќе умрете, тогаш сфаќате колку е краток животот. Времето е најважна работа во животот, бидејќи никогаш не се враќа. Без разлика дали ќе го поминете во рацете на саканата личност или сами во затворска ќелија, животот е она што од него ќе направите. Голем сон“, напишал актерот тогаш на Твитер.

Актерот ја оставил сопругата Стенијун Олин и четири деца.