Актерката Шарлиз Терон размислува за тоа да го напушти Холивуд.
Причината е безбедноста на нејзините три деца.
Популарната Јужноафриканка која има посвоени две црномурести деца, изјави дека животот во последните година дена од владеењето на Доналд Трамп и станал многу тежок.
,,Расизмот е многу ,,пожив и поздрав” отколку што луѓето можат и да замислат” – изјавила ,,Атомската русокоса” во интервју за магазинот ,,ЕЛ” .
,,Тоа не смееме да го негираме. Мораме да бидеме јасни и гласни. Постојат места во оваа земја во кои, доколку би добила таму работа, тоа никако не би го прифатила. Постојат места во Америка во кои никогаш не би патувала со своите деца, и тоа е сериозен проблем” – изјавила таа.
,,Многу пати ќе ги погледнам своите деца и ќе си речам, доколку ова продолжи, можеби ќе морам да ја напушта Америка. Последно нешто што сакам е моите деца да се чувствуваат небезбедно” – истакнала Терон.
Првата година од владеењето на Доналд Трамп во САД, беше одбележана со засилување на десничарските движења во Америка и порастот на расизмот, пишува ,,Њузхаб”.