Синоќа се одржа 32. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“.
Младата пејачка Антонија Гиговска помеѓу дваесетте финалисти кои синоќа се натпреваруваа за вредните награди во износ од 5.000 евра за прво место, 4.000 евра за второ и 3.000 евра за трето место, како и по 500 евра за наградите за вокална изведба, аранжман, сценски настап и дебитант, секоја од нив во денарска противвредност, настапуваше 13 по ред и ја однесе третата награда.
Антонија блесна на сцената на „Макфест“ во интересен сталјинг, во бела креација , која потсетуваше на стилот на Џенифер Лопез.