Сцена 24. август 2018. / 21:05

Анџелина Џоли попушти: Ќе се смири ли со Бред Пит?

Анџелина Џоли попушти: Ќе се смири ли со Бред Пит?

Бред Пит и Анџелина Џоли не се појавија во судот за расправата за доделување на старателство врз децата.

Анџелина побарала откажување на судската расправа и како што пишуваат американските медиуми, познатата двојка е на пат да се смири. Џоли решила прва да попушти, изјавуваат нејзините пријатели и да се разведе со Бред на пријателски начин.

,,Двајцата сакаат да се договорат за заедничко старателство и не сакаат повеќе да водат судска борба.”, велат заедничките пријатели на Анџелина и Бред.

Пред две недели таа го обвини Бред дека не плаќа доволно алиментација, на што актерот врати дека платил девет милиони со кои таа си купила луксузна куќа.

Славната холивудска двојка Бранџолина има шест деца и тоа ќерките Захара, Шајло и Вивиен, како и синовите Медокс, Пакс и Нокс.