Сцена 22. август 2018. / 19:03

Анџелина Џоли го послуша советот од докторот

Анџелина Џоли го послуша советот од докторот

Во последните години, холивудската актерка Анџелина Џоли многу го променила стилот на облекување, па сега почесто можеме да ја видиме во елегантни, но пред сè удобни и пријатни модни комбинации.

Освен што тесната облека ја заменила со широки, лелеави фустани, актерката сериозно го сфатила и предупредувањето на нејзиниот ортопед за штетноста на превисоките обувки, па вртоглавите потпетици ги сменила за симпатични, дамски „kitten“ потпетици од 4-5 сантиметри.