Сцена 30. мај 2018. / 16:38

Андрија се жени, а еве ја неговата 10 години помлада избраничка (ФОТО)

Андрија се жени, а еве ја неговата 10 години помлада избраничка (ФОТО)

Познатиот црногорски актер веќе пет години е во врска со колешката, а долго во јавноста истакнуваше дека не размислува премногу за брак.

Меѓутоа, Андрија Милошевиќ (39) сега размислува поинаку, па судејќи по се, наскоро ќе застане на „лудиот камен“ и ќе ја официјализира врската со 10 години помладата партнерка.

-Планираме брак и потомство. Луѓето имаат различни животни патишта, во нашата професија сме на голема мака, работата ни одзема доста време – се пожали Андрија, додавајќи дека ќе одвои време за одење пред матичар, но се уште не го знае датумот.