Сцена 07. септември 2018. / 19:40

Анастасија Ражнатовиќ: Драго ми е што имам занимање и не сум само ќерка на Цеца

Анастасија Ражнатовиќ: Драго ми е што имам занимање и не сум само ќерка на Цеца

По неколкумесечна медиумска пауза, таа ја издаде својата прва песна “Совршен пар”, па Анастасија Ражнатовиќ, се врати во Србија.

Анастасија во утринската програма на ТВ Прва откри дека не и пречи фактот дека медиумите сега се повеќе ја следат, откако влезе во музиката.

– Бидејќи јас сум од мала под будното око на јавноста, ништо не е ново за мене. Ништо не се сменило во однос на медиумите, сеедно е. Мило ми е што сега имам некоја професија, не сум повеќе само ќерката на Цеца, во смисла дека сега сум пејачка Па сега имам причина да се појавувам во медиумите – изјави пејачката која во рекордно време ги освои срцата на публиката и додаде дека таа повеќе не се вознемирува од негативните коментатори.

– Се случува нешто да ме погоди и ме вознемири, особено кога станува збор за мојот брат и мајка ми. За мене повеќе или помалку. Но, во последните неколку години, се навикнав на сè што е напишано, има и добри и лоши страни на оваа популарност, па затоа повеќе не ги гледам овие коментари – изјави Анастасија.