Сцена 31. декември 2018. / 10:50

Ана Николиќ банкротира го продала аудито на ред е и целиот имот

Ана Николиќ банкротира го продала аудито на ред е и целиот имот

Како да не беше доволно тоа што се здебели за време на бременоста, па и година и пол од раѓањето на ќеркичката Тара не може да ослаби, а во меѓувреме и се разведе со сопругот Стефан Ѓуриќ Раста, Ана Николиќ има нови проблеми, овој пат финансиски. Имено, се спекулира дека пејачката е пред банкрот и дека почнала да го продава имотот за да излезе од финансиската криза.

Ана со месеци поминува низ многу тежок период. Не сака да настапува додека не ослаби и не ги сними новите песни, но судејќи по се’, тоа нема да се случи наскоро. Покрај сите трачеви за емотивниот крах на пејачката, низ естрадата кружат приказни дека е и во финансиска криза, бидејќи веќе не живее со Раста, а притоа не заработува. Наводно, поради тоа го продала црвеното ‘ауди’, а го задржа џипот што и’ го купи Раста“, открива изворот за „Свет“.