Сцена 08. мај 2018. / 22:40

Ако некој не го гледаше: Ова е евровизискиот настап на „Ај кју“ во Лисабон(видео)

Ако некој не го гледаше: Ова е евровизискиот настап на „Ај кју“ во Лисабон(видео)

Македонските претставници „Ај кју“ (Eye Cue) го имаа својот евровизиски настап со песната „Lost and found“, во арената „Алтис“ во Лисабон, на првата полуфинална вечер на 63-от Избор на песна на Евровизија.

Автор на музиката и на текстот е Бојан Трајковски, гитарист, композитор и вокал во „Ај кју“ во кое членува заедно со пејачката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски. Автор на аранжманот на нивната композиција е продуцентот Дарко Димитров.

Во финалето ќе се пласираат 10 од 19-те учесници во првата полуфинална вечер.