Сцена 30. април 2018. / 20:10

Аки Рахимовски, еден месец по мозочниот удар: Ситуацијата е сериозна

Аки Рахимовски, еден месец по мозочниот удар: Ситуацијата е сериозна

Пејачот Аки Рахимовски, минатиот месец имаше мозочен удар, за кој најпрво тој самиот тврдеше дека е во блага форма и изјави дека се чувствува добро. Лекарите го пуштија на домашно лекување, а во моментов тој заздравува на бања.

-Ситуацијата е сериозна. Засега се држам. Лекарите ми препорачуваат терапија од која не смеам да отстапувам. Верувам дека ќе заздравам. Ми претсстои долг период на оздравување, а наскоро треба да правам и колоноскопија и уште неколку испитувања- рекол тој за хрватскиот магазин „Стори“.

Тој додал дека концертите се одложени на неопределено време и дека во моментов не размислува да и се врати на музиката.