Сцена 19. февруари 2018. / 11:35

Аца Лукас на својот настап посвети песна на болната Марина Туцаковиќ (ВИДЕО)

Аца Лукас на својот настап посвети песна на болната Марина Туцаковиќ (ВИДЕО)

Аца Лукас, изминатата недела настапи во еден белградски клуб, кој, како и во секој каде пее, беше преполн со негови фанови.

Лукас беше сјајно расположен, па енергијата ја пренесе и на публиката, но сите гости во еден момент, фолкерот успеа да ги растажи.

Лукас, ја спомена Марина Туцаковиќ и пред собраните луѓе упати порака за поддршка.

„Морам да споменам една жена, која има напишано многу песни. Пет милиони песни. Тоа е се разбира, Марина Туцаковиќ. Таа сега е серизно болна и сите и посакуваме брзо опоравување. Ќе отпеам една песна која таа ја напиша“, изјави Аца Лукас и ја запеа „Сунце љубави“.

Од февруари, Марина Туцаковиќ ја води битката за својот живот. Славната авторка на најголемиот број на српски хитови, боледува од тешка болест, поради што на 5 февруари беше примена и оперирана на Институтот за онкологија и радиологија Србија.

Бројни јавни личности на Марина и упатија порака за поддршка, а меѓу останатите беа и луѓето од Гранд продукција.