Регион 05. јануари 2020. / 22:41

Зоран Mилановиќ е новиот претседател на Хрватска

Зоран Mилановиќ е новиот претседател на Хрватска

Новиот претседател на Хрватска е Зоран Милановиќ. Неговата победа стана извесна откако беа обработени повеќе од 80 проценти од избирачките места.

Милановиќ има предност од повеќе од 100.000 гласови. Во ХДЗ го признаа поразот, а во СДП се слави победата на изборите.

Милановиќ во моментов има 1.022.102 гласови, наспроти Колинда Грабар-Китаровиќ која има 918,427 гласови.

Милановиќ се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите што гласале за него и учествувале во кампањата.