Секоја влада мора да ги почитува европските правила и да работи врз постигнатите меѓународни договори.
– Владата на Харадинај за време на неговиот мандат не направи ништо освен создавање очигледни проблеми кои донесе лоши политички поени и го загрози статусот на дијалог со Србија – оценил за приштински медиуми заменик претседател на Парламентот Кшавит Халити после две години работа во влада.
Висок функционер на Демократската партија на Косово, на чие чело е Кадри Весели го критикувал Харадинај за воведување такси на стока од Србија велејќи дека никој во Европа неможе да владее со сила и дека тоа е штетно за Косово.
– Секоја влада мора да ги почитува европските правила и да работи на база на постигнатите меѓународните договори. Во почетокот бев против таквиот потег, сега мислам дека на сите ви е јасно дека сум бил во право – рекол Халити.